Буковката од Чашка се продава како алва

Bez autora
Feb 04 2013

Печурките буковка произведени на територијата на најеколошката општина во Република Македонија, Чашка, на македонскиот пазар се продаваат како алва. Моментално со одгледување на печурки се занимаваат десетина производители, но производителите велат дека нивниот број е се поголем. Производителите велат дека побарувачката на печурките се должи на еколошки чистиот терен што го дава општина Чашка и одличниот квалитет на печурките. Сопственикот на фирмата "Агро Линк", Тодор Бондиќев, која е најголем производител на печурки во Велешко, истакна дека лани произвел и на пазарот продал 15.000 килограми квалитетна буковка. Производ е 100% еколошки. Тоа го гарантира и самиот сертификат кој го има општина Чашка за најеколошка општина. Од минатогодишното производство и од цената сме повеќе од задоволни.

Буковката од Чашка се продава како алваПечурките буковка произведени на територијата на најеколошката општина во Република Македонија, Чашка, на македонскиот пазар се продаваат како алва.

Моментално со одгледување на печурки се занимаваат десетина производители, но производителите велат дека нивниот број е се поголем. Производителите велат дека побарувачката на печурките се должи на еколошки чистиот терен што го дава општина Чашка и одличниот квалитет на печурките. Сопственикот на фирмата "Агро Линк", Тодор Бондиќев, која е најголем производител на печурки во Велешко, истакна дека лани произвел и на пазарот продал 15.000 килограми квалитетна буковка.

- Нашиот производ е 100% еколошки. Тоа го гарантира и самиот сертификат кој го има општина Чашка за најеколошка општина. Од минатогодишното производство и од цената сме повеќе од задоволни. Годинава планираме да го прошириме производството. Има услови за тоа, а имаме разбирање и од локалната власт, но и од Министерството за земјоделие - вели Бондиќев.

Побарувачката на печурката произведени во реонот на општина Чашка, сурова или обработена, на пазарот во Македонија е се поголема. Таа веќе станува секојдневие во исхраната и токму затоа земјоделците се повеќе се заинтересирани за нејзино производство. Кога на квалитетот и добрите приноси ќе се земат предвид и субвенциите што ги дава Владата, тогаш реални се очекувањата во општина Чашка да се зголеми бројот на фарми во кои ќе се одгледуваат печурките. Услови за одгледување на еколошки печурки во Чашка, особено во реонот на селата од Азот, постојат. Од Канцеларијата за поттикнување на земјоделието во Велес истакнаа дека за производство на печурки, особено за буковката, интерес пројавиле поголем број жители. Бондиќев вели дека покрај стручната помош фирмата е подготвена целосно да им го откупи и родот на производителите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik